Колку странски јазици знаеш, толку човека вредиш.
Степени на познавање на европските јазици
Шесте степени опишани во Заедничката Европска рамка поделени се на три поголеми
степени (А, В, С), кои грубо одговараат на традиционалните степени: основен, среден
и напреден.
A1 - Не го познаваш јазикот или можеш да ги препознаеш познатите
зборови. Можеш да употребуваш прости фрази и реченици за опишување или можеш да
прашаш за некои нешта. Можеш да напишеш разгледница или кратка порака а исто така
и да прочиташ мошне кус и едноставен текст.
A2 - Можеш да менуваш зборови во врска со некои општествени теми,
да учествуваш во комуникациски ситуации,иако обично не можеш сосем доволно да разбереш
со цел да можеш сам да ја одржуваш комуникацијата. Преку едноставни изрази можеш
да го опишеш своето семејство и други луѓе, простори, животни услови итн.
B1 - Неподготвен можеш да учествуваш во разговорите на теми кои
ти се познати и како и на теми од твој интерес. Можеш да раскажеш приказна или содржина
на некоја книга или филм, како и да ги опишеш своите реакции. Можеш да ги разбереш
главните точки од многу тв и радио програми во врска со тековната проблематика,
како и да го разбереш литературниот јазик во врска со работа, школување, одмор итн.
Можеш да се снајдеш во поголемиот дел од ситуациите додека патуваш во некоја странска
земја.
B2 - Можеш да дадеш јасни, детални описи на низа теми поврзани
со твојата професија и интереси. Можеш да дадеш мислење на одредена тема. Можеш
да ги разбереш повеќето од тв вестите, програмите и повеќето филмови на стандарден
дијалект. Можеш да го употребуваш јазикот на спонтан начин преку употреба на многу
зборови кои го овозможуваат контакт со твојот изворен соговорник. Можеш да учествуваш
во дискусиите во врска со познати теми, поткрепувајќи ги своите гледишта.
C1 - Успешно и прецизно можеш да формулираш и пренесеш идеи и мислења
на другите соговорници. Јасно и детално можеш да опишеш и претставиш сложени теми.
Можеш да разбереш стручни статии дури и тогаш кога не се врзани за твојата струка.
Можеш на различен начин и спонтано да се искажеш без долго барање на соодветен израз.
Јазикот можеш успешно да го употребуваш во општествени и професионални цели. Лесно,
без голема мака, можеш да ги разбереш ТВ програмите и филмовите.
C2 - Нема проблем во разбирањето на било кој вид на говорен јазик,
како усно така и писмено изразување. Успешно можеш да учествуваш во дискусиите на
разни теми и да употребуваш идиоми и колоквијализми.